Шест години од европската бајка на Вардар

Во овие мега тешки битки на Вардар кој е доведен во ситуација да моли за поддршка и пари, ќе се потсетиме на еден не така одамнешен, ама незаборавен и неизбришлив момент во нивната историја.

Додека на вчерашниот 24 август, Вардарци предводени од новите имиња, Александар Васоски како тренер и Ѓоко Хаџиевски како спортски директор, држеа прес и повикуваа на помош од институции и компании, на истиот ден пред шест години беа во далеку поинаква ситуација.

На тој ден во 2017-та го одиграа херојскиот меч во срцето на Истанбул кога капитулираше моќниот Фенербахче.

На жешкиот Шукру Шарачогу, турскиот гигант тежок 150 милиони евра не најде лек за македонскиот бренд, како да му возврати за поразот од 2:0 на Градски.

Го имаа и големиот Ван Перси, како и Солдадо и армија од 42.000 навивачи, но Вардар уште еднаш се воздигна високо и му нанесе нов пораз, овој пат од 1:2.

Момците на Чеде Јаневски ослабени без капитенот Бобан Грнчаров поради црвен картон излегоа големи јунаци и со вкупни 4:1 обезбедија пласман во Лига Европа за историја во македонскиот фудбал.

Да се потсетиме на незаборавните голови на Џигаури и Никола Глигоров. Колку само се променија работите за Вардар. Од врвот до калта.

4.000 сезонски карти за Вардар и исчекување на 10 милиони денари од Град Скопје

Миодраг Мицковиќ: Кој му дозволи на Самсоненко да го купи помошното игралиште? Тоа е на Вардар, и Градски стадион е на Вардар

 

25 август 2023 - 13:24