Убиството во Турција каде се трага по поранешниот фудбалер Сезер Озтурк, се случило на 19 септември, но во медиумите исплива дури денеска и тоа со сведоци и видео.
Турските медиуми пишуваат дека Озтурк бил со уште еден човек во својот автомобил и дека отворил оган откако друго возило им го попречил патот.
Расправијата за кој прв да помине прво се претворила во тепачка, а потоа животот го загубил еден од петмината, додека другите четворица завршиле со повреди во болница.
„Сè се случи многу брзо, а убиството беше пред наши очи. Цело маало се крена на нозе, а две раце пукаа со пуштол. Убиецот почна да бега со странски регистарски таблички“, вели сведокот.
35 годишниот Сезер Озтурк ја почнал кариерата во Баерн Леверкузен во 2004-та, а ја завршил во Бешикташ во 2015-та.