Потребна е тишина...

На денешен ден во 1996-та година во рамки на Евро Купот, во некогашната „лименка“, култната сала „Јане Сандански“ во Аеродром, МЗТ Скопје направи сензација која одекна во европската кошарка. Аеродромци го совладаа големиот и најтрофеен европски гигант Реал Мадрид, тогаш предводен од Жељко Обрадовиќ и со Дејан Бодирога во составот.

МЗТ Скопје играше тогаш со целосно домашен тим со исклучок на Американецот Марк Дин. Играа Врбица Стефанов, Мирза Куртовиќ, Тони Симиќ, Слободан Петровски, Игор Михајловски, Дејан Димов, Марк Дин, Антонио Милевски, Перо Блажевски и Ѓорѓи Кназев.

Се памети и фамозната реченица на култниот коментатор Љубомир Николовски при слободните фрлања на Перо Блажевски: „Потребна е тишина“....

 

6 ноември 2026 - 12:38