Чакир свирна крај на сред контра за гол во Турција
Џунејт Чакир, најдобриот турски судија имаше чудна одлука на мечот Фенербахче - Гиресунспор во турската Суперлига. Дал 4 минути продолжение додека Фенер водел 2-1 и во последните секунди кога гостите тргнаа во сериозна контра за израмнување, ладно свирна крај на мечот.