Фенербахче и Галатасарај ремизираа 1:1 во 14. коло од турското првенство. Ова меѓусебно дерби беше број 404 во нивната историја на сите натпреварувања. Фенербахче има 149 победи, Галатасарај 130, а 125 средби завршиле нерешено. Домашните навивачи му дадоа дополнителен шмек на мечот со моќна кореографија на цела трибина.