Хаотично турско дерби со тепање, 10 жолти и 2 црвени картони

Галатасарај го доби Фенербахче со 2:1 во големото дерби во Истанбул. Виктор Осимен погоди два пати во прво, а Ирфан Џан Кахвечи даде гол со ножички во второ. Натпреварот заврши со масовна тепачка веднаш по последниот свиреж. Ја почнаа Керем Актуркоглу кој претходно играше за Галатасарај, и фудбалерот на Галатасарај, Роланд Салаи. 

Потоа веднаш се вклучија речиси сите фудбалери, резервните играчи и стручниот штаб. Во мешаницата, Абдулкерим Бардакчи (Галатасарај) и Арчи Браун (Фенербахче) се фатија во фатија за врат и се бореа на трева, а потоа и двајцата добија црвен. Ситуацијата излезе од контрола, па на теренот мораше да интервенира и полиција и обезбедувањето.

27 октомври 2026 - 09:45