Адана Демирспор кој дојде од втора лига и каде од овој месец на клупа седи Винченцо Монтела, успеа да се врати против турскиот првак од 3:0 на 3:3.
Кам бекот го најави Варгас од слободен удар во 60-та минута, Балотели ја опали јако во 79-та, а во 97-ма минута, во таа мешаница не се ни знаеше кој ја пикна топката во гол.
Судијата го прегледуваше погодокот на ВАР поради сомнеж за играње со рака.
Голчиштето на Балотели
И прославата наменета кон тренерот на Бешикташ, Серген Лајчин зад која има позадина.
Гестикулацијата на Марио е поврзана со еден непрофесионален потег кој го направи додека играше во Манчестер Сити. Се работи за претсезонски меч против Галакси, одигран во САД летото 2013-та, кога излезе сам пред гол и се изглупира со петица како во маало.
When Mario Balotelli did this against the Galaxy and was immediately substituted 😂 pic.twitter.com/I6q0OP1Z3q
— ESPN FC (@ESPNFC) October 14, 2020
Манчини го извади од игра, а Серген Лајчин тогаш ангажиран како стручно лице, коментирал дека Балотели нема мозок и дека ако бил на местото на Манчини, веднаш ќе го отпуштел. Осум години подоцна Супер Марио начека прилика да му врати, а се дообјасни и на Инстаграм.
Балотели дури можеше и да заврши во Бешикташ откако минатата година беше поврзуван со турскиот гигант, кога го напушти својот роден град Бреша, но потпиша за Монца.
Турскиот стратег не му рекол „не“ на претседателот на Бешикташ, туку само дека им треба помалку проблематичен играч.
Кам бекот на Адана и тензиите по завршувањето на мечот меѓу Балотели и клупата на Бешикташ.