Таг: лионел меси

Фејк видео со Меси во Мајами собра 5 милиони прегледи

Пишал дека играат Мајами и Филаделфија и дека на видеото се деби головите на Меси, а ставил снимка од Барса во гостински дресови. Со оглед на бојата која е иста со дресовите на Мајами, веројатно има Американци кои се излажале, како оној јадниот што патувал 2.000 км за да го гледа во живо. Има 5 милиони прегледи за само две недели.

Подранил за дебито на Меси едно 26 дена

Камерите на мечот Филаделфија Унион - Интер Мајами го фатија најјакиот кадар на трибините кој ќе беше штета да остане незабележан. Фан на Меси патувал 1.200 милји или скоро 2.000 км за да го гледа во живо својот идол, ама очигледно момчево не користи интернет. Промоцијата на Аргентинецот е најавена за 16 јули, а дебито за 21-ви. Лео е на одмор младичу.

Аргентинска фешта со 12 гола, хет-трик на Меси и погодок на Батистута

42 годишниот Макси Родригез одигра проштален натпревар кој мина спектакуларно во клупската средина каде ја почна и ја заврши кариерата. Ѕвезда на вечерта беше Лео Меси.

Меси: Никогаш не сакавме да заминеме од Барселона, беше многу тешко, но сега ми треба малку душевен мир

Лионел Меси потврди дека заминува во Мајами и дава многу логично објаснување зошто сака да ја напушти Европа. Зборува многу за Барселона, клубот кој му е во срцето и во кој посакува еден ден да се врати во некаква функција. Планот со семејството им е да живеат таму. Отворена рана му е после тоа што му го направија.

Колдплеј држи концерт во Барселона, публиката скандира за Меси

Како и да ја вртиш, Меси ти е Барселона човек. Откако го постигна историскиот гол за рекордна 11-та титула за ПСЖ и 43-ти трофеј во кариерата, заминал на релаксација во Барселона каде Колдплеј имале концерт. Со тоа ја пропуштил церемонијата во Франција на која им се делат наградите на најдобрите фудбалери на годината.

Гол на Меси вреден 43-ти трофеј во кариерата и 11-та титула за ПСЖ

Да, не е погрешен насловот. Додека тоа дунстерите го свират, тој им носи титули и испишува историја. 16 гола и 16 асистенции сезонава за ПСЖ само во првенство.

Како е можно овој гол на Меси од финале да не добие Пушкаш награда?

Кога еден ден ќе им раскажувате на внуците за тоа каков фудбалер беше Лео Меси, пуштете им го клипов од финалето на Копа деј Реј во 2015-та меѓу Барселона и Атлетик Билбао.

Навивачите на ПСЖ излегоа на протести и удрија жестоко против Меси

Прво им сметаше Мбапе бидејќи наводно бил во преговори со Реал па го свиреа на стадион, сега им се сипаа и на Меси и Нејмар и тоа со погрдни зборови, мислиш направиле трансфери во најомразениот ривал.

Пасов на Меси да го види Роналдо ќе почне шишиња да рога

Со двата гола на Мбапе, ПСЖ викендов го совлада Анжер со 1:2 и со +9 пред Марсеј на 6 кола до крај, полека се доближува до петтата последователна титула. Ако ја барате најјаката асистенција на колото, прекинете веднаш.

Камп Ноу повторно испрати порака до Париз

Преку 90.000 навивачи го скандираа името на Меси на финалето на Кралската лига во мал фудбал во организација на Пике. Но изгледа тоа не беше само обично скандирање. Им стана пракса и на натпреварите во Ла Лига. Желбата за кам бек на нивната икона ја изразија и синоќа против Жирона. Тоа го прават во 10-та минута.

Каква e иднината на Меси: ПСЖ, Барселона или трета опција?

Еуроспорт, Форбс, Марка, како и специјалистот за трансфери со 14 милиони следбеници на Твитер, Фабрицио Романо, тврдат дека Меси има нестварна понуда од Саудиска Арабија, од тимот на Ал Хилал кој му нуди двојно поголема плата од онаа што ја зема Роналдо во Ал Наср, а тоа се 400 милиони евра по сезона. Но неговата намера е да остане во Европа барем до Копа Америка 2024.

Емануел Пети: ПСЖ не е клуб, свирежите за Меси се навреда за фудбалот

Поранешниот светски и европски првак со Франција му порача на Меси да си замине од Париз и го нарече ПСЖ клуб за пензионери во кој никој не напредувал. Во негова одбрана застана и Анри.

Французите ги објавија најплатените играчи и тренери во лигата

Првите 10 места се резервирани за ПСЖ. Мбапе на 24 години се буди секој ден со нови 214.285 евра. Игор Тудор е втор најплатен тренер.

Преку 90.000 навивачи на Камп Ноу скандираа за Меси

Стадионот на Барса крцаше за финалето на Кралската лига во мал фудбал во организација на Пике. На Фајнлфор турнирот играа ѕвезди како Роналдињо, Нејмар, Виља и Агуеро, а навивачите испратија важна порака до Париз.

Аргентинска фешта во Буенос Аирес, бура од емоции и гол број 800 во кариерата на Меси

Светските прваци и по три месеци уште слават и си делат пехари за да има за сите јунаци. Монументал експлодираше на пријателски натпревар против Панама. Мајсторија на Меси од слободен удар.

Како изгледаше петардата на Меси во ЛШ?

Вчерашните 5 гола на Халанд против Лајпциг се неспоредливи со оние 5 на Меси кој стана прв во историјата со ваков дострел во Лига на шампиони. Четири на Норвежанецот му се одбиени и еден од сомнителен пенал, а Меси ги дробеше Германците како сака со лобови и дриблинзи. Ги постигна против Баер Леверкузен во осминафиналето 2012-та.

Две милијарди потрошени за тим како за Плејстејшн кој на терен разочарува

180 милиони евра за Мбапе, потоа нови 630 милиони бруто за нов тригодишен договор со невидени привилегии. 222 милиони за Нејмар, плус Меси го купија. ПСЖ е опседнат со големи имиња, заборавајќи ги основните принцини во фудбалот. Дека тоа е спорт кој се игра со тим.

Нов клизач на навивач, овој пат за Меси кој го избегна

И децава што влетуваат на терен не се повеќе тоа што беа. Обично бараат селфи или дрес, ама во последно време и тие не знаат што сакаат. Клоп беше бесен пред неколку дена на дербито против Манчестер поради тој глупакот кој ќе го повредеше Робертсон, а овој од вчера на Алијанц делуваше несмасно.

Златни Ајфони од Меси за сите во репрезентација

Капитенот на Аргентина одлучил на сите колеги со кои го освои Светското во Катар, да им подари Ајфон 14с и тоа златни.

Везилка со Мбапе и Меси

Килијан му наместил 29 гола на Лео, а Лео му наместил 25 гола на Килијан. Нејмар седи дома и се витка од болки, кога ги гледа како играат заедно.

Само Меси знае вака да изработи голман

Првата сезона во ПСЖ беше во подредена улога и со за него скромни 11 голови во цела сезона на сите натпреварувања. Сега има 14 до полусезона и игра шампионски.

Голеада на егзибициското шоу меѓу Роналдо и Меси кое заврши 5:4 за ПСЖ

Ѕвездите на ПСЖ славеа против ѕвездите на тимот комбиниран со играчи од Ал Наср и Ал Хилал во синоќешната пресметка што се одигра во Ријад.