Врвен кам бек на Меси со два гола за пресврт и асистенција

15 гола и 15 асистенции на 19 натпревари. На никој во историјата на МЛС му нема успеано ова.

По два месеци пауза, Лионел Меси се врати на терен и направи растурс систем против Филаделфија, за триумф на Интер Мајами од 3:1.

Гостите постигнаа гол по само 1 минута, но потоа на сцена стапи Меси со два комада во 26 и 30 минута за комплетен пресврт.

Во 98-ма минута од натпреварот Меси му асистираше на Луис Суарез кој го затвори мечот.

Интер Мајами е прв на табела во Источната конференција со 61 бод, 10 повеќе од Синсинати.

Меси е прв во историјата на лигата со фантастични 15 голови и 15 асистенции во 19 кола. 

15 септември 2024 - 08:22