Таг: лионел меси

Страшен прием на Меси во стилот на Зидан

Шоуто на светскиот шампион почна уште на првиот меч на ПСЖ после кам бекот од Аргентина или поточно уште пред да почне. Навивач од трибина сними клип со Меси на загревање, кој никогаш нема да го избрише од мобилен. Потоа следуваше дриблинг, како и мајсториска акција и гол со рутинска завршница.

Шампионски кам бек на Меси со прекрасна акција и рутинска завршница

Толку му треба на светскиот првак, само што се врати им покажа како се игра фудбал. ПСЖ го совлада Анже со 2:0 во 18. коло од Лига 1, а Меси го постигна вториот гол преку акција и финиш, како фудбалот да е најлесната работа на светот. 8 погодоци и 10 асистенции сезонава за Лео во првенство.

Шпалир во ПСЖ за светскиот првак Меси

По двонеделниот престој во Аргентина каде прво славеше во Буенос Аирес, а потоа одмораше во родниот град Росарио, Лионел Меси им се врати на клупските обврски во Париз. Пречекот му беше шампионски, со шпалир и аплаузи од целиот тим, а спортскиот директор Луис Кампос му подари мал трофеј.

Запознајте ги братучедите Роналдо и Меси кои сонуваат да заиграат за Хрватска

Двете врвни фудбалски имиња до толку создадоа култ во светот во изминативе 15 години, што деца крстат по нив. И тоа комплетно со се име и презиме.

Кога Меси го даде 91-от гол во една година, а коментаторот полуде

На денешен ден пред 10 години Лео против Ваљадолид го даде голот број 91 во една година (2012). Од нив 79 му се за Барселона и тоа на 60 настапи и уште 12 за Аргентина на 9 настапи. Во просек тоа се 1,3 гола по натпревар. Му го сруши рекордот на Герд Милер од 1972-ра кој даде 85, а Пеле во 58-ма стигна до 75. Ќе го стигне ли некој овој феномен?

За хејтерите кои постојано верглаа: Каде е Меси?

Аргентина во прво коло загуби од Саудиска Арабија и тоа после пресврт, арно ама...

Неверојатното поклопување на фактите на СП 1986 и СП 2022

Едни ќе речат Господ така одлучил, втори така било напишано во ѕвездите, трети судбина, четврти коинциденција, петти не знам што.

И на кучето на Меси му пееја

На прославата во Буенос Аирес проценките се дека се појавиле преку 5 милиони луѓе. Доволно е од нив само 10% да снимиле по еден клип на мобилен и да го ставиле на Твитер и тоа се веќе 500.000 видеа. Кој знае уште што ќе се појави и уште што нема да успееме да видиме.

Најслаткиот сон на Лео Меси

Кликнавме неколку пати Ф5 и забележавме дека на секој клик или секоја секунда, има по околу 5.000 нови лајкови на најновиот пост на Меси на Инстаграм. Легна да одмори пред големото славје пред претседателската палата „Каса Розада“ во Буенос Аирес, а друштво му прави „Божицата“. Само во првиот час има 18 милиони лајкови.

Утеха на Меси за својот клупски другар

На цела таа еуфорија обоена со солзи од радост кај едните и тага кај другите, не видовме спортски поздрав од двајцата најдобри на првенството кои наскоро ќе продолжат со своите обврски во ПСЖ. Се гушнале за време на церемонијата. Најпрвин Меси го теши Мбапе, а потоа и Скалони. Така треба, а не ко недокваканион голман.

Како во Барселона се славеше пласманот на Меси во финале?

Шпанија испадна од Светско, ама нивниот најголем миленик од Барселона гази. Погледне ја оваа еуфорија.

Фрапантниот податок на Меси за кој нема конкуренција

Од тоа што го прави овој човек за фудбалот, кој 15 години го игра на врвно ниво, може да се издаде книга само со негова статистика во која е рекордер, веќе по кој знае по колку параметри. Внимавајте сега на овој.

Меси го прекина интервјуто за да го испочитува Далиќ

За разлика од четвртфиналето против Холандија кое мина со многу набој и провокации и кога еден смирен лик како Меси на сред интервју му довикуваше „глупчо“ на Вут Вегхорст, полуфиналето мина во поинакво расположение. Убави гестови се ова.

Емоциите на селекторот Скалони кога Меси му дојде во прегратка

Иако делува смирен и сталожен, а водството со пеналот на Меси го проследи ладен како шприцер, Лионел Скалони како да почнува да сфаќа како почнаа, а до каде стигнаа. На старт пораз од Саудиска Арабија, за на крај да стасаат до финале. Кога се гушнаа со имењакот, не издржа да не заплаче.

Меси му го испи мозокот на Јошко Гвардиол

Големата надеж на Хрватска и член на Лајпциг, кој на 20 години одигра фантастичен деби Мундијал, не успеа да излезе на крај со човекот кој и на 35 години е оса. Брилијантната игра на Меси еден на еден со Гвардиол, беше клучна за третиот гол на Аргентинците кога му асистираше на Алварез.

Првиот дуел на Меси и Модриќ кои се сретнаа во 2006-та

За 20 годишниот Лука ова е репрезентативно деби, за 18 годишниот Лео деби репрезентативен гол. Хрватска и Аргентина се среќаваат на пријателска на 1 март 2006-та во Базел. 16 години подоцна, само они двајца играат уште за своите земји.

Статистика на ФИФА за Меси и Роналдо која нема да му се допадне на Португалецот

Лионел Меси ја реши Австралија во осминафиналето на Мундијалот во Катар и стигна до јубилејни 1.000 настапи во кариерата. За ФИФА тоа беше добар повод да го спореди учинокот на двајцата кој оди целосно на страна на аргентинскиот ас. Води со 64 гола повеќе, 132 асистенции и 10 трофеи.

Арапите почнаа да го бараат Меси и меѓу Јапонци

Има забава во Катар, ај ти. Особено ако сте навивач на Саудиска Арабија, па и репортер од Јапонија, чие известување се претвори во арапско шоу. А и него некако му легна друштвото.

Зад сцената со Меси и Роналдо за време на снимањето за Луј Витон

Француската модна куќа Луј Витон со помош на фотографката Ани Лејбовиц извади фотографија на кој во шаховски дуел се наоѓаат Роналдо и Меси. Фотографија кој стана мега популарна и која влезе меѓу најлајкуваните во историјата на Инстаграм. Само од вчера до денес на профилот на Кристијано има собрано 35 милиони, а кај Меси 27 милиони лајкови.

Меси не застанува, ново голчиште и мајсторска асистенција до Нејмар

ПСЖ ја совлада Троја со 4:3 во меч во кој на два пати беше во негатива. Играч број 1 како и многу пати сезонава беше Лео Меси кој во рок од 7 минути одигра во негов стил со два јаки потези.