Standing ovation за Меси и осма Златна топка

Лионел Меси е изборот на Франс Фудбал за најдобар фудбалер за 2023-та. Има осум Златни топки со кои води убедливо пред Роналдо со пет. Мишел Платини, Јохан Кројф и Марко ван Бастен останаа на три.

Лео Меси се качи на пиадесталот со признанието на францускиот магазин во 2009, 2010, 2011, 2012, 2015, 2019, 2021 и 2023 година.

Клучот за овој успех лежи во освојувањето на светската титула со Аргентина, трета за неговата земја и прва по долгото чекање од 1986-та со Марадона.

Меси постигна 8 гола на Мундијалот во Катар кој беше круна на неговата кариера, а истата година ја славеше и шампионската титула со ПСЖ.

Другите наградени се:

- Најдобра фудбалерка Аитана Бонмати од Барселона.

- Најдобар клуб на годината Манчестер Сити.

- Награда „Герд Милер“ за најдобар напаѓач на година Ерлинг Халанд.

- Награда „Јашин“ за најдобар голман Емилијано Мартинез.

- Награда „Сократ“ за борбата против расизмот и за едукацијата во Бразил, Винисиус Жуниор.

- „Копа“ тројфејот за најдобар млад фудбалер го доби Џуд Белингем.

Сите категории во Интер Мајами позираа со бројот осум.

31 октомври 2023 - 08:39