Што може да се забележи на фотографијава? Дека веројатно најголемиот на сите времиња, во период од 19 години освоил 45 трофеи. Ненормална работа.
Прекин во трофејната низа има само во годините: 2007, 2014 и 2020.
Од нив 36 му се со Барселона, како на пример 10 во Ла Лига и 4 во ЛШ, а има и 3 со ПСЖ и еден со Интер Мајами.
За издвојување е репрезентативниот блесок од 2021-ва со 4 титули: Два пати Копа Америка, Светско првенство и Финалисима.
Плус рекордер е и со 8 Златни топки.
🇦🇷 Lionel Messi, most decorated player with 45 titles including one more Copa América from tonight! ✨ pic.twitter.com/SXwpgGBesh
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) July 15, 2024
Кристијано Роналдо има 35.
Меси е повторно на тронот, Аргентина е кралица на Копа Америка