Меси распали од 20 метри, Суарез погоди во 95-та минута

Само 5 дена откако го торпедираа Орландо со 5:0, како двојни стрелци, ветераните од Аргентина и Уругвај повторно стрелаа за Интер Мајами. Во Купот на шампионите, каде играат екипи од Северна и Централна Америка и Карибите, губеа 2:0 од Нешвил, но Меси во 52-ра и Суарез во 95-та го спасија тимот од пораз.

Мајами шоу во режија на Меси и Суарез како двојни стрелци

 

8 март 2024 - 09:32