
Интер Мајами славеше 1:4 против Њу Ингланд, ја забележа третата победа по ред и остана на лидер во Источната конференција на МЛС лигата.
Домаќините поведоа уште по само 37 секунди игра со голот на Канселеј и само го налутија фаворитот кој им одговори со 4 комада.
За комплетниот пресврт се погрижи Меси во 32` и 68` минута, а за издвојување е асистенцијата на Серхио Бускетс кој преку цела гужва го најде својот соиграч.
Аргентинецот стрела на трет меч по ред и со 9 гола е прв стрелец во МЛС. Ефектот на последните 4 средби му е 6 гола и 5 асистенции.
Победата ја осигураа Кремаски во 83-та и Суарез во 89-та минута со убав гол.