Додека неговиот најверојатен наследник Јамал, кој е 20 години помлад, гази на Камп Ноу, Лео Меси на 37 години уште држи лекции по фудбал. Овој пат со два гола му донесе победа на Интер Мајами против Лос Анџелес од 3:1, вредна пласман во Купот на КОНКАКАФ. И тоа со пресврт. Хуго Лорис се фрли, ама џабе.