Нов блесок на Меси со хет трик за 11 минути вреден пресврт и историја

Лео Меси направи револуција во Интер Мајами. Клубот кој пред само година и пол беше на 29-та позиција од вкупно 29 екипи, го вивна на прва позиција со рекорден број на бодови и стана прв стрелец на клубот.

Интер Мајами го победи Њу Ингланд со 6:2, со спектакуларен пресврт и хет-трик на Меси за крај на основниот дел од сезоната во МЛС лигата на прва позиција.

Домаќините губеа 0:2 до 34 минута, а Луис Суарез возврати со два брзи гола со кои на пауза беше нерешено.

Гол шоуто продолжи во второто полувреме откако влезе Меси кој по само десетина секунди искомбинира прекрасна акција со Алба од која профитираше Кремаски за 3:2.

Ви периодот од 78-ма до 89-та минута Меси и приреди забава на публиката со три гола, со кои стана најдобар стрелец во историјата на Интер Мајами, прв во историјата на МЛС кој постигнал три гола и запишал асистенција како замена.

На свои 37 години, Меси има импресивна сезона со 20 гола и 10 асистенции на 19 средби. Инаку запиша втор хет трик за само пет дена за клуб и репрезентација.

Воедно клубот од Флорида стана тим со најмногу освоени бодови (74) во една лигашка сезона и има 22 победи, 8 нерешени и 4 порази во Источната конференција. 

Во осминафиналето го чека подобриот од дуелот помеѓу Монтреал и Атланта.

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино по мечот им соопшти дека како освојувачи на MLS Supporters’ Shield (годишна награда за тимот со најдобар учинок во МЛС сезоната), ќе учествуваат на Светското клупско првенство 2025.

20 октомври 2024 - 10:48