Точно пред 20 години, на 16 октомври 2004-та година, Лионел Меси дебитираше во првиот тим на Барселона против Еспањол кога тренерот Франк Рајкард му даде шанса. Од тој момент започна најубавата фудбалска бајка.
Точно дваесет години подоцна од дебито, пред 80.000 гледачи на култниот стадион „Монументал“ Лионел Меси блескаше со три гола и две асистенции. Интересно триумфот од 6:0 над Боливија е најубедлив во историјата на Аргентина во едни квалификации за Светско првенство.
Педантните статистичари дури и пресметале дека ова е 21-ва победа на Аргентина од 26 натпревари играни на Монументал каде со Меси во тимот никогаш не загубиле. Ова беше 58-ми хет-трик во кариерата на Лео Меси. Кристијано Роналдо на вечната листа е прв со 66 хет-трик учиноци. Притоа во 29 случаи Роналдо постигнувал по еден гол од пенал кога имал хет-трик а Меси на 12 натпревари кога имал хет-трик давал најмалку по гол од белата точка.
Ова беше и своевиден реванш на „гаучосите“ со Боливија затоа што во 2009-та година, пред 15 години им го нанесоа најтешкиот пораз во едни квалификации за Светско првенство кога на надморска висина од 3.500 метри ги совладаа со 6:1.
Овој пат асот на Интер Мајами возврати со голови во 19-та, 84-та и 86-та минута. Притоа асистираше за други два гола а стрелци беа уште и Лаутаро Мартинез во 43-та минута, Хулиан Алварез во 45+8’ и Тијаго Алмада во 69-та минута за конечни 6-0.
Статистиката на Меси синоќа против Боливија:
Во вторникот Колумбија со 4-0 го растури Чиле со головите на Санчез, Дијаз, Дуран и Синистера. Синоќа Бразил конечно се крена резултатски и со 4-0 издоминира над Перу. Два гола од пенал даде Рафиња, еден Андреас Переира а еден Луиз Енрике. Парагвај после пресврт ја совлада Венецуела 2-1 со два гола на Санабрија. Уругвај одигра 0-0 со Еквадор.
На табелата во јужно-американските квалификации прва е Аргентина со 22 бода, Колумбија е втора со 19 бода, Уругвај трет со 16 бода а Бразил четврт со исто толку бодови: