Фешта на Монументал, солзи, збогување и два гола на Меси

Дојде денот. Лионел Меси го одигра последниот танц за Аргентина пред своите навивачи. Кој стигнал до карта од овој натпревар, нека си ја урами.

Foto: EPA

Во претпоследното коло од квалификациите за СП 2026, Аргентина ја совлада Венецуела со 3:0. Двоен стрелец на мечот беше Меси, а гол даде и Лаутаро Мартинез.

Аргентинците стигнаа до триумф број 11 со што ја потврдија доминацијата во групата, каде се лидери на табелата.

Натпреварот мина во знакот на најголемиот фудбалски ас, кој мораше да се прости од својата публика. За него ова беше последен репрезентативен меч на домашно тло.

Монументал во Буенос Аирес крцаше до последно место и блескаше со огномет. Цел стадион го скандираше името на Меси, а тој уште на загревање пушти солза.

Сè уште е неизвесно дали ќе одигра уште еден Мундијал.

„Не сум донел одлука за следното Светско првенство. Со оглед на мојата возраст, логично е да не успеам да играм, но ќе видиме како ќе ми оди од меч на меч, од ден на ден“, изјави Меси

Емоциите на Меси на загревање

Фештата пред стартот. Скалони и Мартинез во солзи.

Двата гола на Меси

Страшен пас од пола терен

5 септември 2025 - 07:49