Аргентинскиот ас доби купишта награди во текот на кариерата, но ниту една како оваа, бидејќи таа не е се однесува на перформанси, трофеи или рекорди во постигнување голови и сл.
Тоа е награда или поточно признание од навивачите. Го пречекаа на 12-годишна возраст, а тој стана икона која се втемели во градот и луѓето, кои веќе не знаат како да му се заблагодарат.
Лионел Меси всушност ја доби наградата за најомилен играч во историјата на Барселона, доделена од весникот СПОРТ, каде гласаа навивачите. Наградата за вредности.
Директорот на SPORT, Хоан Вехилс, отпатува специјално во Мајами за да му го даде ова признание и наследство кое останува живо во сеќавањето на сите.
Секој пат кога Лео Меси ќе допре топка, навивачите чувствуваат дека фудбалот е многу повеќе од спорт: тоа е понизност, почит и посветеност. Начинот на кој се натпреварува, победува и губи зборува многу за неговиот талент, како и за неговите вредности, на и надвор од теренот. Затоа наградата за вредности од навивачите е за него, пишува СПОРТ.

Пред да му ја предаде, прво му пуштија видео во кое беше претставена силната љубов кон него од навивачите, а тој беше преплавен од емоции.
„Поминавме низ толку многу работи заедно, добри и не толку добри, што е нормално во кариера што трае толку многу години. Но, тоа е мојот дом, моето место, моите луѓе. Се надевав дека ќе ја поминам целата кариера таму. За жал, работите се одвиваа поинаку, но секогаш ќе имам доживотни спомени од сите моменти што ги споделивме. Благодарен сум за тоа. Заминав во чудна година поради пандемијата, без навивачи, без вистинско збогување. Имам многу убави спомени, им благодарам на сите луѓе од Барселона“.
Со далечината во САД, не значи дека ја заборавил Барселона. Напротив, идејата за враќање е сè уште во неговиот ум.
„Очигледно, ќе се вратам. Ќе бидам на стадионот како и секој друг навивач, следејќи го тимот и ќе бидам само уште еден навивач. Засега, најверојатно ќе бидам тука уште неколку години, но ќе се вратиме во Барселона затоа што, како што секогаш велев, тоа е моето место, мојот дом. Многу ни недостига, па ќе се вратиме.“
Инаку Меси на некој начин се врати неодамна во Барселона, кога беше ненадејно забележан на прошетка околу Камп Ноу, заедно со неколку пријатели.
Cada vez que @LeoMessi toca un balón, la afición siente que el fútbol es mucho más que un deporte: es humildad, respeto y compromiso con un escudo. Su forma de competir, de ganar y de perder, habla tanto de su talento como de sus valores dentro y fuera del campo. Por eso, el… pic.twitter.com/jReCmQVKDC
— Diario SPORT (@sport) November 19, 2025