Лео Меси и Кристијано Роналдо овој месец ќе станат први фудбалери на планетава со шест учества на Светските првенства. 40 годишните Модриќ и Ноер, како и 39 годишниот Нагатомо ќе стигнат до пет. И Гиљермо Очоа доби шести повик, но на првите два не настапил. Легендарниот мексикански голман на 13 јули ќе полни 41 година.