Меси се загрева јако за Светско

Навивачите на стадионот во Синсинати уживаа во 8 голови и неколку пресврти на дуелот против Интер Мајами кои гостите го добија со 3:5. Лионел Меси блесна со два гола и асистенција. Неговите моментални бројки во кариерата бројат 909 гола и 411 асистенции. За влакно остана без хет-трик. Третиот гол го запишаа како автогол.

Спорниот гол за кој на Твитер тврдат дека голманот не ја допрел топката и дека требало да му го препишат на Меси.

 

14 мај 2026 - 08:20