Францускиот напаѓач (1933-2023) на Светското во Шведска 1958 година постигнал неверојатни 13 гола. И тоа му било едиствено. Кариерата ја завршил на 28 години поради повреда.
Жист Фонтен бил стрелец на сите 6 натпревари. На деби мундијалскиот меч против Парагвај во групна фаза стигнал до хет-трик, а во мечот за трето место против Западна Германија дал 4.
Франција го добила Парагвај 7:3, а Западна Германија 6:3. Зад него на листата стрелци завршиле Пеле и Хелмут Ран со по 6 гола.
Меси, Мбапе, Халанд и Кејн имаат максимум три меча до крајот. Лео е најблиску. Со 5 гола во четвртфинале, полуфинале и финале би се израмнил на оваа листа.
