Њујорк Тајмс кој почнал со он лајн изданија во 1996-та година, статијата за трансферот на Пеле од Сантос во Космос, објавена во печатена верзија во 1975-та, ја реобјави дигитално и таа оди вака:
Пеле познат во светот како крал на фудбалот, вчера се согласи да потпише за Њујорк Космос, кој ќе му плати 7 милиони долари за договор од три години. Се проценува дека 2 милиони долари од таа сума ќе одат за данок.
„Тој сам ќе си ги плаќа даноците, исто како и секој Американец“, рече Клајв Тој, потпретседател и генерален директор на Космос.
Договорот го прави 34 годишниот Пеле, чие вистинско име е Едсон Арантес до Насименто, најплатен спортист во светот.
Пеле ќе го потпише договорот тука во следните неколку дена и остатокот од оваа сезона и следните две години ќе ги игра за Космос. Ќе ќе се појави на околу 85 натпревари, некои од нив егзибициски во странство.
Се чини дека договорот исто така ќе им овозможи на сопствениците на Космос „Warner Communications“, да го користат името на Пеле за рекламирање и односи со јавноста.
Државниот секретар на САД, Кисинџер неодамна испрати телеграма до Пеле во која му напиша: „Ако одлучите да потпишете договор, сигурен сум дека вашиот престој тука значително ќе придонесе за поблиски врски меѓу Бразил и Соединетите Држави на полето на спортот“.
Покрај телеграмата на Кисинџер, Пеле доби и комунике од бразилскиот министер за надворешни работи, Антонио Азередо да Силвеира, кој го повика да потпише со Космос. Кисинџер е страствен фудбалски навивач кој минатото лето присуствуваше на СП Западна Германија.
Пеле се повлече минатиот октомври по 18 годишна кариера во која настапи на 1.253 натпревари и постигна 1.216 голови. Исто така го предводеше Бразил до трофеј на три од четирите светски првенства помеѓу 1958 и 1970 година.
Космос имаат лигашки распоред од 22 натпревари и се очекува да одат на турнеја кога сезоната ќе заврши на крајот на август. Од Космос вчера соопштија дека не се знае кога ќе дебитира Пеле и се чинеше тоа ќе биде дека следниот вторник во Филаделфија против Атомс. Неговото најверојатно домашно деби ќе биде на 15 јуни.
Заедно со Пеле, Космос го ангажираше и неговиот најблизок пријател и советник Хулио Мазеи. Тој беше шеф на одделот за физичко образование во Сантос, клубот во Бразил во кој Пеле играше до пензионирањето минатиот октомври.
За да го добие она што Бразил го прогласи за природен ресурс, Клајв Тој патувал околу 75.000 милји (120.700 км). Тој вчера се присети дека првпат побарал од Пеле да игра во Њујорк во 1971 година.
Коментирајќи го договорот, Фил Вуснам, единствениот комесар на лигата рече дека ова е последното парче од сложувалката.
Последната резерва на Пеле за да му се врати на фудбалот се вели дека се однесува на стравот да не ги налути Бразилците, бидејќи одби на игра на Светското првенство 1974, поради тоа што донел конечна одлука да го напушти фудбалот.
Сепак, тој ја надмина таа резерва кога минатата среда на Даунинг стадионот рече:
„Мислам дека моите сонародници ќе бидат горди што му помагам на фудбалот во најголемата земја во светот. Не се работи за предавство. Имав добри причини да не играм на Светското првенство минатата година. Мојот договор не е само да играм за Космос, туку да промовирам фудбал во Америка“.
Според извештаите, одлуката на Пеле да потпише израдува многу луѓе во Бразил, освен еден пратеник во јужната држава Рио Гранде. Тој предложи титулата почесен граѓанин на Пеле да му биде одземена „затоа што разочара милиони Бразилци“.