Денвер гази со 10-та победа по ред, трипл-дабл број 35 за Јокиќ сезонава

Само два дена во урнебесниот пресврт во Колорадо против Портланд, Нагетси се вратија дома и врзаа нова важна победа.

Денвер го совлада Мемфис со 136:119, а тоа значи победа број 10 и бетонирање на третата позиција во Западната конференција, на само два натпревари до крајот од регуларниот дел од сезоната.

Никола Јокиќ го запечати својот 35-ти трипл-дабл сезонава и 198-ми во кариерата. Кога најдобриот играч на една екипа ќе шутне само 8 пати, се чини дека екипата губи, но тоа не е случај со Србинот.

Мечот го заврши со 14 поени (5/8), 16 скока, 10 асистенции и 2 украдени топки.

Мареј беше прв стрелец во тимот со со 26 поени, а Џонсон постигна 18. 

9 април 2026 - 08:47