Денвер се врати од -18, нов трипл-дабл на Јокиќ

Нестварна последна четвртина одиграа кошаркарите на Денвер Нагетс против Портланд и со победа од 137:132 во продолженијата, врзаа серија од 9 триумфи во низа.

Во Колорадо се одигра еден од најјаките натпревари во НБА сезонава, кој тешко се опишува, бидејќи гостите добија речиси загубен меч.

На 10 минути до крај губеа 16 разлика, во еден момент имаа негатива и од -18, а инаку примија вкупно 25 тројки.

Во последната четвртина се запали машината на Јокиќ и другарите. Играа како во транс и постигнаа 38 поени со над 70% успешност од поле.

Јокиќ го заврши мечот со 35 поени, 14 скока и 13 асистенции. За него ова е трипл-дабл број 34 сезонава или 196 во кариерата во регуларниот дел од сезоната.

Гордон беше втор стрелец со 23 поени и 9 скока, Мареј додаде 20, а Кем Џонсон имаше 17 поени, 6 скока и 7 асистенции.

Најдобри кај Портланд беа Камара со 30 поени, Дени Авдија даде 26, а Џру Холидеј додаде 19 поени.

7 април 2026 - 08:46