Трипл-дабл број 3 на Јокиќ, 43 поени на Мареј

Ниту е свесен што прави, ниту знае поинаку. Доминацијата на Никола Јокиќ на стартот од новата сезона вели, три од три трипл-дабли. Само на уште двајца во историјата им успеало.

Денвер Нагетс ја доби Минесота на гости со 127:114 на третиот натпревар сезонава.

Трет за Јокиќ и трет со трипл-дабл со 25 поени, 19 скока и 10 асистенции, со само едно промашување од игра 9/10 од и 7/7 од линијата за слободни фрлања. 

Вкупно тројца играчи стартувале три меча во НБА со трипл-дабл. Другите двајца се Расел Вестбрук и Оскар Робертсон.

Џамал Мареј блесна со 43 поени (16/29 од игра), од кои 23 во третата четвртина од мечот. 

Тим Хардавеј Џуниор помогна со 20 поени од клупата, а кај Минесота најпрецизни беа Џејден Мекдениелс со 25 и Џулиус Рендл со 24 поени.

28 октомври 2025 - 08:33