Јуп Хајнкес одлуката за неговото повлекување од тренерскиот занает ја соопшти на денешната прес конференција и тој ќе остане запаметен како човек кој го водел Баерн Минхен во најдоминантната сезона во историјата на Бундес лигата во која стигна до тројната круна.
„Минатата година и реков на сопругата дека ќе го испочитувам до крај договорот со Баерн, а потоа ќе се повлечам. Лани воопшто немав време за одмор, имам 68 години и мислам дека е време да уживам во приватниот живот. Имам понуди од многу големи клубови, а по успехот оваа сезона мислам дека е тоа нормално", изјави искусниот Хајнкес.
Тренерската кариера тој ја започна во 1979 година, а од тогаш водеше многу клубови како Баер Леверкузен, Борусија Менхенгладбах, Атлетик Билбао, Бенфика, Тенерифе и Ајнтрахт Франкфурт, а во 1998 година ја освои Лигата на шампионите со Кралскиот клуб.
Најголемиот успех го постигна со Баерн Минхен каде се препороди и со кој стана три пати првак на Германија, три пати победник во Супер Купот и по еднаш освојувач на Лигата на Шампионите и националниот Куп. Овие трофеи тој ги освои откако три пати седеше на клупата на Баварците, а како што е познато негов наследник од 1 јули е Пеп Гвардиола.