Баерн има многу легенди но Јуп Хајнкес е сигурно прв меѓу сите нив. Денес Баварците славеа шеста рекордна титула по ред благодарение на симпатичниот Јуп.
Дисциплината е збор кој најдобро го опишува старо-новиот тренер на Баварците, Јуп Хајнкес кој се врати од пензија за да го врати победничкиот менталитет, но и редот во клубот. Строгиот Германец им донесе тројна круна во сезоната 2012/2013.
Мануел Пелегрини може да освои ЛШ оваа сезона со Манчестер Сити и потоа да остане без работа или да замине во друг клуб. Не е ни прв, а веројатно ни последен. Историјата евидентирала 12 вакви примери.
ФИФА ја објави листата со десетмината тренери кои се номинирани за најдобри за оваа година, а светските кладилници сосема разбирливо му ја даваат фаворитската улога на довчерашниот стратег на Баерн Минхен кој ќе остане запаметен како историски за клубот.
Според „coachworldranking.com", сега веќе пензионираниот германски стратег кој стигна до тројната круна со Баерн Минхен е се уште најдобриот тренер во светот.
Скромен, емотивен и претпазлив. Човек кој секогаш прв го фрла ѓубрето од дома, кој и лупи овошје на сопругата, но и внимавал на сите во клубот, па дури и на шоферот. Сето ова се крие зад 68 годишниот Јуп Хајнкес кој по историската година со Баерн Минхен со солзи го напушти фудбалот.
Германскиот стратег кој пред 6 години веќе беше еднаш во пензија и покрај шпекулациите дека ќе седне на "жешкото" столче на Реал Мадрид одлучи да се повлече и да му се посвети на семејството.
Мурињо, Фергусон, Манчини, Бенитез, Гвардиола. Долгиот летен преоден рок е пред нас, а веќе на европската фудбалска сцена се случија еден куп промени на "жешките" тренерски столчиња и тоа во дел од најголемите гиганти во фудбалот.
„Тиранинот" чии фудбалери повраќаа по напорните тренинзи работени по застарени методи, пред 6 години замина во пензија, но стариот тренер кој почна да ги слуша Ријана и Лејди Гага, со ново лице на голема врата се врати во светскиот фудбал.