Стариот лисец Јуп Хајнкес замина во пензија како што би посакал секој тренер, со долга и богата кариера, но пред се со тројна круна за Баерн Минхен. Тој ќе биде запаметен како тренер кој ја имаше најдоминантана сезона во историјата на Бундес лигата.
Денеска Светската куќа на фудбалот ја објави листата со кандидати за најдобар играч, но и тренер за 2013 година, а кладилниците сосема очекува фаворитската улога му ја дадоа на Хајнкес со коефициентот кој изнесува 1,6.
На второто место е уште еден тренер кој се пензионираше на крајот од минатата сезона, а тоа е Сер Алекс Фергусон кој се прости од фудбалот со шампионска титула во Премиер лигата. За него коефициентот е 2,50.
Јурген Клоп кој годинава имаше фантастична сезона со Борусија Дортмунд и кој го одведе тимот до финалето од Лигата на шампионите е на третата позиција според шансите со коефициент 16.
За победа на Сколари и Анчелоти коефициентот изнесува 40, за Мурињо, Венгер и Бенитез 50, а на последното место според шансите на светските кладилници е Антонио Конте со 60.