Импресивните рекорди на Баварците

Стратегот на Баерн Минхен, Јуп Хајнкес повеќе од јасно е зошто се расплака на неговата последна прес конференција. Човекот ќе биде запаметен како тренер кој со својот тим ја имаше најдоминантана сезона во историјата на Бундес лигата, а додека рушеше рекорди, раководството на клубот се договори со Гвардиола за наредната сезона.

Тим без ниту една маана. Можеби вака најсоодветно може да се опише екипата која во ниту еден момент немаше криза ниту во домашното првенство каде предвреме стана шампион, ниту во Лигата на шампионите каде во два наврати ја торпедираше големата Барселона.

Секако дека шлагот на тортата треба да биде пехарот на 25-ти мај во Лигата на шампионите каде за пречка ја има Борусија Дортмунд, но без разлика на тој исход Баварците во сезоната 2012/2013 година ќе останат запаметени како тим кој успеал да сруши еден куп рекорди во домашното првенство.

1. Со 91 бод (29 победи, 4 нерешени и 1 пораз) го сруши рекордот на Борусија од минатата сезона која стана шампион со 10 бодови помалку.

2. Предноста од 25 бода пред Дортмунд е нов рекорд кој го држеше самиот Баерн пред 10 години, кога стана шампион со 16 бодови повеќе од второпласираната екипа.

3. Ниту еден тим во Германија не станал првак толку рано. Баерн тоа го стори по 28 одигра кола, а претходниот рекорд беше по 30 натпревари.

4. Со скорот од 29 победи, го сруши рекордот на Борусија Дортмунд која имаше 25. 

5. Борусија Менхенгладбах и Волсбург го држеа рекордот од по 10 победи во низа. Фудбалерите на Баерн сезонава победија на 14 меча по ред.

6. Составот на Хајнкес има само еден пораз сезонава, успех кој го сторија и во 1987 година.

7. Одбраната беше дел од успешниот мозаик на Баварците. Примија само 18 гола на 34 меча и си го поправија сопствениот учинок од 21 примен гол во сезоната 2007/2008.

8. Баерн во 2002 и Вердер во 1988 година примија по 19 гола, но и тој рекорд повеќе не важи.

9. Станаа вториот клуб во историјата на Бундес лигата кој постигнувал гол на секој меч. Истото го стори Келн во 1964 година.

10. Заедно со претходната сезона значи дека Баерн постигнувал гол на 36 меча по ред, а истото му успеа во 1973 и 1974 година. 

11. Со скорот од 98 дадени и 18 примени односно гол разлика +80, Баерн го сруши рекордот од 1973 кога имаше гол разлика од +64.

12. Рекорд за издвојување се гостинските натпревари каде на 17 меча има 15 победи. Претходниот рекорд им беше 11 гостински победи.

13. Баерн ја заврши сезонава без пораз на гостински терен, нешто што им успеа и во 1987 година.

14. Со 47 освоени бодови на гости, го надминаа рекордот на Борусија од минатата сезона и оној на Вердер од 2004 година.

15. Пред 2 години Борусија направи победничка серија од 8 гостински победи во низа, Баерн сезонава има една повеќе.

16. Баварците примија само 7 гола на гости, рекорд кој до држеше Вердер од 1988 година кога прими 10.

17. Баерн водеше во првенството уште од првиот дел, нешто што го сторил 4 пати до осега. 

20 мај 2013 - 12:39