По четири награди за најдобар светски фудбалер, односно три во серија откако се обединија ФИФА и магазинот Франс фудбал при доделувањето на признанието, Лионел Меси повторно е фаворит за освојување на уште една „Златна топка".
Кладилниците за Лионел Меси одредија коефициент 2,1 а зад него се Франк Рибери и Кристијано Роналдо со коефициент 3,75.
Освојувачот на ова признание ќе го одредат капитените и селекторите на репрезентациите членки на ФИФА, а добитникот ќе биде прогласен на 13 јануари.
Номинирани фудбалери:
Герет Бејл, Единсон Кавани, Радамел Фалкао, Еден Азар, Златан Ибрахимовиќ, Андрес Иниеста, Филип Лам, Роберт Левандовски, Лионел Меси, Томас Милер, Мануел Нојер, Нејмар, Месут Озил, Андреа Пирло, Франк Рибери, Арјен Робен, Кристијано Роналдо, Бастијан Швајнштајгер, Луис Суарез, Тиаго Силва, Јаја Туре, Робин ван Перси и Чави.