Жозе Вилалонга (Реал Мадрид 1957)
Со 36 години Вилалонга станал најмладиот тренер кој го освоил најелитното клупско европско натпреварување, а успехот го повторил и следната година. И покрај европската круна во двете сезони тој заминал од Реал во договор со клубот, а потоа станал европски првак со Атлетико и со селекцијата на Шпанија.
Луис Карниља (Реал Мадрид 1959)
Неговата одлична работа ја продолжил аргентинскиот стратег кој стигнал до уште два трофеи, но поради камења во бубрезите бил отсутен на второто финале. Сантијаго Бернабеу ја прекинал соработката со него бидејќи не бил задоволен што го оставил Ференц Пушкаш на клупа и тоа во финалето.
Бела Гутман (Бенфика 1962)
Унгарецот Гутман им донел европска радост на Бенфика во 61-ва и 62-ра година. Потоа побарал покачување, но го одбиле, а кога си заминал од клубот го проколнал дека никогаш нема да освои европска титула. Поминаа осум финалиња и неговата клетва уште не е скршена.
Нерео Роко (Милан 1963)
Господинот Канетачо не и дозволил на Бенфика да освои три титули по ред и ја поразил на Вембли. Потоа заминал да го води Торино, па направил кам бек во Милан со освоил нова европска титула во 1969-та.
Ринус Михелс (Ајакс 1971)
Во финалето 1969-та во финалето беше поразен од Милан, но по две сезони холандскиот стратег го совлада Панатинаикос и стигна до европската титула со Ајакс. Неговиот следен предизвик се викаше Барселона.
Емерик Јенеи (Стеауа Букурешт 1986)
Неколку недели откако романскиот тим и одржа лекција на Барселона во финалето, мозокот на тој успех си замина и го наследи Мирчеа Луческу кој беше селектор на Романија.
Рејмонд Гуталс (Марсеј 1993)
Белгиецот беше назначен за тренер на Марсеј во 1990 година и откако по три години ја заврши својата мисија си ги спакува куферите. Со неговите 72 години во тоа време и натаму е најстариот тренер кој ја освоил ЛШ.
Отмар Хиџфилд (Борусија Дортмунд 1997)
Откако освои две титули по ред во Бундеслигата, Хицфилд успеа да го победи и следниот предизвик, Лигата на шампионите. Тренерската функција ја замени со директорско столче во клубот, а потоа во 2001 освои 5 првенствени титули и една ЛШ.
Јуп Хајнкес (Реал Мадрид 1998)
Германскиот стратег имаше чудни 11 месеци во Мадрид. Тој имаше најслаб процент на победи, но тоа се компензираше со освојување на ЛШ по пауза од 32 години за Реал. Осум дена по славјето против Јувентус, остана без работа.
Жозе Мурињо (Порто 2004)
Португалскиот стратег се радуваше на Олд Трафорд откако Кастиња постигна гол и го елиминираше Манчестер Јунајтед во осминафинале, но вистинското славје се случуваше во финалето во Гелзенкирхен. По два дена стана тренер на Челси.
Жозе Мурињо (Интер 2010)
Историјата со Порто, Мурињо ја повтори со Интер каде ја освои тројната круна и потоа беше назначен за нив тренер на Реал Мадрид. Мурињо изјави дека е тажен што го напушта Милано, а пред да влезе во кола плачеше на рамото на Матераци.
Јуп Хајнкес (Баерн Минхен 2013)
Германецот знаеше уште во јануари дека на крајот на сезоната негова замена ќе биде Пеп Гвардиола и покрај тоа што таа сезона Баерн ги урна сите рекорди, ја елиминираше Барселона со 7:0 во двата меча, ја победи Борусија Дортмунд во финалето од ЛШ, а го освои и германскиот куп.