Јуп Хајнкес го тренирал Баерн Минхен четири пати: од 1987 до 1991, од 2011 до 2013 и од есента 2017 до ден денес. За сето тоа време Хајнкес ја освојувал Бундеслигата четири пати: 1988/1999, 1989/1990, 2012/2013 и 2017/2018.
1989
Симпатичниот Јуп станал тренер на Баерн во 1987-ма и се пошегувал: „Во Менхенгладбах си ветив дека ќе запалам цигара само на прослава на титулата. И така осум години не запалив“.
Хајнкес се надевал дека во Баерн ќе има повеќе причини да запали цигара. После две години ја освоил првата титула со Mia san Mia.
1990
Следната сезона Јуп и неговиот Баерн ја одбранија титулата. На прославата тој ветил дека ќе го крене пехарот ама говор не одржал. Во полуфиналето на следниот Куп на европски шампиони (денес Лига на шампиони) Баерн изгуби од Црвена Звезда, а Јуп наскоро заминал во Атлетик Билбао.
2013
Една од највеличествените сезони во историјата на Баерн Минхен: станаа првиот германски клуб во историјата кој освои триплета (Бундеслига, германски Куп и Лига на шампиони). Сите уште порано знаеја дека Јуп заминува на крајот од сезоната и доаѓа Пеп Гвардиола, но на стариот лисец тоа не му сметаше да направи голем подвиг. По славјето ја заврши тренерската кариера.
2018
Јуп се врати во Баерн кога клубот минуваше низ криза со Карло Анчелоти и во есента 2017 седна на својата најомилена клупа.
Неколку дена му требаа да ја живне екипата и денес да ѝ ја донесе 6. титула по ред. Баерн попладнево го совлада Аугзбург на гости со 1-4 и ја освои шампионската титула во Бунеслигата. Хајнкес притоа има 12 победи по ред во Лига на шампиони што немал ниту еден тренер во историјата и сега јуриша кон ново европско славје.
🗣️ "I'd like to send my best wishes to Carlo Ancelotti in Italy. This title is also for him. He is a fantastic coach." #Jupp #MiaSanMeister @MrAncelotti pic.twitter.com/RtWXKScMPx
— FC Bayern English (@FCBayernEN) April 7, 2018
Бонус:
Jupp Heynckes walks into an elevator...
— FC Bayern US (@FCBayernUS) April 6, 2018
Guess what happens next! 😂 #MiaSanMia pic.twitter.com/05rtKoYKNC