Јуп Ханјкес е роден на 9 мај 1945 година, веднаш по завршувањето на Втората светска војна. Тој е деветто од вкупно 10 деца. Неговите родители воделе бизнис со самопослуга, а тој како мал продавал тениски топчиња и сонувал да гледа финален меч на „Вимблдон" или на „Ролан Гарос". Првото нешто што го памети како мал е дека неговите го научиле секоја недела да оди во црква.
Покрај големата слава и успех во неговата тренерска кариера, тој доживеал и многу негативни моменти, а токму проблемите во животот го направиле посилен. Поради стресните моменти можеби затоа има повеќе лузни на лицето отколку на нозете од времето кога бил фудбалер.
Во 2004 година неговата сопруга Ирис се разболела од рак, а чувствителниот Хајнкес веднаш го напуштил кормилото на Шалке за да се грижи за нејзиното здравје. И покрај тоа што од 1979 година се занимавал со тренерската кариера, тој е голем домаќин. Го мести чаршавот за појадок, и лупи овошје на сопругата и прв го фрла ѓубрето.
„Ништо не се смени во мојот живот откако станав шампион на Европа и не се чуствувам нешто повеќе од другите. Тренерот секогаш треба да биде татко на фудбалерите, а јас затоа што бев многу постар им давав совети на сите во клубот. Често пати играчите ме прашуваат како е најпаметно да се трошат парите и во која банка да ги чувааат, па дури и некои ми бараат совети кога се караа со жените", раскажува германскиот стратег.
Емотивниот Ханјкес не сакал да биде во центарот на вниманието, а кога починал таткото на претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес или кога неговиот поранешнен тренер си заминал од Борусија Менхненгладбах, тој се криел од камерите и јавноста.
Како скромен човек, Германецот никогаш не се надевал дека ќе биде на врвот. Се задоволувал со тоа што го има, но истовремено сакал и да се развива. Парите не го привлекувале, а многу често учествувал во добротворни акции.
Откако ја завршил соработката како тренер на Борусија Менхенгладбах, ја исчистил службената кола и ја паркирал пред канцеларијата на клубот. Неговите соиграчи разкажуваат дека тој бил единствениот кој своето шкавче го оставал најчисто, исто какво што било пред натпреварот.
Не е ни случајно што Ханјкес беше почитуван тренер и во Шпанија, каде ги тренираше Атлетик Билбао, Тенерифе и Реал Мадрид со кој ја освои Лигата на шампионите. Затоа тој повторно е посакуван на „Сантијаго Бернабе", но помеѓу Кралскиот клуб и сопругата тој го избра второто.
Хелмут Ул, "Билд"