Договорот меѓу adidas и Бундеслигата, потпишан пред стартот на сезоната 2010/2011, истекол. Лигата веќе се договорила во следните четири сезони официјална топка на Бундес да биде втората германска компанија за спортска опрема - Derbystar.
No more adidas. The new DERBYSTAR official Bundesliga match ball starting from next season #Bild pic.twitter.com/315dpb1eQT
— Alfred Baafi Amofah (@CopperLebarante) October 22, 2017
Договорот со adidas за користење на фудбалски топки од оваа компанија беше прв во историјата на Бундеслигата (лигата официјално е основана во далечната 1963 година). До сезоната 2010-2011 екипите можеле сами да бираат со каков фудбал ќе играат. Сите следни седум сезони, екипите во договор со лигата и спонзорот adidas играа со топката TORFABRIK.
Овој фудбал бил произведен врз основа на Џабулани, топката која што ја користеа на Светското 2010 (се сеќавате колку го ругаа овој фудбал и Буфон и Икер Касилјас?).
Еве како изгледаа топките за сите седум различни сезони во Бундеслигата:
The latest addition to the family ⚽️😎
— Bundesliga English (@Bundesliga_EN) July 15, 2016
Which #TORFABRIK is your favourite? #FirstNeverFollows pic.twitter.com/UYWz7Aa6WK
Еве ја топката со која играа сите бундеслигаши сезонава:
Зимска варијанта:
Новиот спонзор кој ја доби привилегијата да произведува топки за Бундеслигата - Derbystar, била основана во 1963 година. Од 1991-ва таа произведува под закрила на еден друг познат производител на фудбалска опрема - данскиот Select.
Топките на Derbystar првпат се појавиле во Бундеслигата во почетокот на ’70-те.
„Кога бев млад, Derbystar беше симбол за висок квалитет. Сите мои големи победи во кариерата во Борусија Менхенгладбах (четири титули во Бундес и Куп на УЕФА) беа остварени со топка Derbystar“, се сеќава легендарниот тренер на Баерн Минхен, Јуп Хајнкес.
Претходно стана јасно дека adidas нема да доставува топки ниту за француската Лига 1. Таму потпишале договор со компанијата uhlsport - исто германска.