Во фабрики во Пакистан месечно се произведуваат околу 160.000 фудбалски топки со кои се игра ширум светот. Интересен начин на производство и многу необичен процес кој не е познат. Но жално е тоа што 1 топка во САД чини 100 долари колку што е месечната плата на овие работници и работнички.
Девојкава има толку сенс за фудбал што комотно би можела да им држи лекции на многу преплатени фудбалски ѕвезди. И внатрешна, и надворешна и фелш и дриблинг, комплетна надареност.
Марката Пума и шпанската Ла Лига ја промовираа новата фудбалска топка со која ќе се игра шпанскиот фудбал во новата сезона. Ама промотивната кампања беше крвава.
Пар светски врвни голмани се пожалија за квалитетот на официјалната фудбалска топка со која ќе се игра Светското во Русија. А не се први вакви поплаки за топка.
За легендарниот Пол Гаскоњ има толку многу анегдоти, што комотно може да се состави книга од неговите циркуси. Еве една од тренинг во Тотенхем кога Гаскоњ играше за нив.
Најдобриот француски играч на Европсково, Антоан Гризман му ја подарил топката од мечот против Ирска на кој даде два гола, на Иго Салванг. син на Жан-Баптист Салванг, полицаецот кој бил убиен пред две недели од џихадистите.
Beau Jeu или во превод од француски Убавата игра се вика новата фудбалска топка со која ќе се игра Европското првенство во Франција следната година. Еве како изгледаа сите топки за ЕП од 1960-та до денес.
Адидас ја претстави најновата топка за која се смета дека е иднината на фудбалот. Има вграден сензор и на играчите може да им даде фидбек со информации за ударот на мобилен телефон. Кафу ја шутнал со брзина од 130км на час.