Пума ќе произведува фудбалски топки со кои ќе играат Меси, Гризман, Луис Суарез, а можеби и Жоао Феликс и Нејмар. Со оваа топка ќе се игра и во пониските лиги во Шпанија.
Видео презентацијата на новата топка трае минута и изгледа како индиска серија. Топката паѓа од небото на фудбалско игралиште и забавата почнува.
Во рекламата некои играчи прават шпаги:
Бартра го носат на раце:
Суарез жонглира со глава на врв на пирамида:
Умтити жонглира качен на два Пума-мобили:
Облак прави парада на асфалт:
Најголемиот шок е кога Гризман жонглира на задното тркало од мотор:
„Песнава што ја одбрале производува ниво на радијација како во Чернобил. Кој боливудски режисер е одговорен за ова злосторство? После се чудите зошто Премиер лига ни се смее во лице“, пишуваат љубителите на шпанската Ла Лига на социјалните мрежи.
Самата топка Puma La Liga ќе изнесува 110 евра. А договорот со Најк Ла Лига го раскинала поради наводен недостиг на ексклузивност каков што имаат Премиер лига и Серија А. Првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас рекол дека официјалната топка во Примера треба да биде посебна и да се препознава во целиот свет.
После ваква реклама ќе ја знае целиот свет.