Таг: пума

Им го посветувам медалов на Пума и Адидас, викаа не сум бил добар

Жорж Фонсека е џудист (или ако сакате поправилно џудока) од Португалија. Првпат на Олимписки Игри во категоријата до 100 килограми се појави во 2016-та каде испадна во втора рунда. Во 2019 и 2021 освојувал злато на Светските првенства во џудо во Токио и Будимпешта. Во Токио летово освои бронзен медал.

Рекламата за Пума и Ла Лига ко да ја снимал боливудски режисер

Марката Пума и шпанската Ла Лига ја промовираа новата фудбалска топка со која ќе се игра шпанскиот фудбал во новата сезона. Ама промотивната кампања беше крвава.

На дизајнерот на логото Puma му нуделе доживотен процент, тој побарал само патики и ранец

Лутц Бакес, германскиот карикатурист којшто во зоолошка градина ја насликал првата скица за логото за гигантот Puma и кој после сè, останал цврсто на земја иако можел да заработи милиони евра.