Им го посветувам медалов на Пума и Адидас, викаа не сум бил добар

Жорж Фонсека е џудист (или ако сакате поправилно џудока) од Португалија. Првпат на Олимписки Игри во категоријата до 100 килограми се појави во 2016-та каде испадна во втора рунда. Во 2019 и 2021 освојувал злато на Светските првенства во џудо во Токио и Будимпешта. Во Токио летово освои бронзен медал.

По триумфот во мечот за бронза на кој многу се израдува и Жозе Мурињо, Фонсека изјавил: „Овој медал ќе им го посветам на Адидас и Пума зошто рекоа дека немам капацитет да ги претставувам. Им го посветувам медалов и на лидерите на Пума и Адидас на кои веќе им покажав дека сум двократен светски шампион и трет на Олимписки Игри. Каков друг статус треба да имам да ме спонзорираат Адидас и Пума?