Новите шест правила на Хајнкес во Баерн

Дисциплината е збор кој најдобро го опишува старо-новиот тренер на Баварците, Јуп Хајнкес кој се врати од пензија за да го врати победничкиот менталитет, но и редот во клубот. Строгиот Германец им донесе тројна круна во сезоната 2012/2013.

Нема мобилни телефони
Очигледно играчите претходно можеле слободно да ги користат своите телефони за време на оброците, масажите и во други тајминзи кога тимот е заедно. Со Хајнкес тоа ќе можат да го прават само во соблекувалната, ама во умерени количини, само доколку тоа не ја намалува подготовката за тренинг.
 
Точност и фитнес
Јуп Хајнкес бара од неговите играчи да бидат точни. Тренинзите на Баерн сега почнуваат еден час порано во 10 часот. Пред почетокот на тренингот, вежбите за загревање траат подолго и се многу поинтензивни, а тимот прави вежби за стабилизација најмалку два пати неделно.
 
Хигиена
Од играчите се очекува соблекувалната и шкафчињата да им бидат уредно средени и чисти, што не било случај претходно.
 
Учтивост
Фудбалерите исто така сега ќе мора да ги поздрават сите вработени во клубот и да ги третираат пријателски со почит. Џошуа Кимих вели: Основно за функционирање на еден тим е секој да ја вреднува дисциплината, учтивоста и почитувањето. Таа почит треба да се прошири од врвот до цела најниска хиерархија.
 
Оброци
За разлика од Анчелоти, оброкот после тренинг сега е задолжителен. Играчите јадат заедно без мобилни телефони на маса по секој тренинг. Што се однесува до самиот оброк, Хајнкес е пофлексибилен, додека италијанскиот стратег имал нутриционист. За Германецот нутриционистите се прецените и смета дека играчите треба да ја користат главата.
 
Нема казни
Во согласност со авторитетот и интегритетот, Хајнкес не наметнал парични или друг вид на казни за да ги спроведе своите правила, туку тој направил ред кој очекува дека ќе се спроведе врз основа на доверба.
19 октомври 2017 - 15:26