Во светскта тренерска листа само четворица стратези успеале да останат во топ 10 изминативе 52 недели, а тоа се Јуп Хајнкес, Жозе Мурињо, Диего Симеоне и Алекс Фергусон.
Споредено со минатата година на листата најдобри 10 ги нема Арсен Венгер кој е на 12 место, Роберто Манчини кој падна на 21 место, Унаи Емери кој е 48-ми, Сеонг Јун (57), Марсело Биесла (63) и Пеп Гвардиола кој падна дури на 815 позиција, но веќе година дена се одмараше од тренерската работа.
Огромен скок од 78 места има стратегот од тимот на Роналдињо, Кука Алекси Стивал, исто како и Мануел Пелегрини кој со историскиот пласман на Малага во четвртфиналето од Лигата на шампионите е подобар за 62 позиции. Јурген Клоп како финалист во ЛШ со Борусија Дортмунд стигна до 6-та позиција.