Во студија објавена во Журналот за социјална историја во 1978-ма, Керол Хабер објаснува како социјалните и индустриските настани кон крајот на 19-от век доведуваат до создавање на старосна пензија и задолжително пензионирање.
Хабер пишува дека во 1890 само една четвртина од работниците во години се изјасниле дека се "перманентно невработени." Најголемиот дел од жителите на индустријализираните градови немале доволни семејни ресурси на кои можеле да се потпрат, и, во најдобар случај, можеле да се надеваат на помош од добротворна организација или старечки дом. За да ги заштитат старите работници од ваквата судбина, работодавците и синдикатите некогаш им наоѓаат полесни работни задачи.
Во тој период, работодавците како железница, фабрики, и рударски компании се под растечки притисок од работничките синдикати. За да ги смират работниците, тие почнуваат со прифаќање на програми за работнички бенефиции, кои вклучуваат и старосна пензија.
Пензиите се тип на работнички бенефиции кои нудат очигледна корист за работодавците. Бидејќи работниците генерално добиваат пензија само ако со децении биле во некоја компанија, тие им помагаат на работодавците во задржување на работниците. А затоа што пензиите нема да бидат исплатени доколку работникот биде отпуштен пред пензионирање, тие исто така се стимулација за работниците да припазат на својот однос кон менаџментот.
Хабер забележува дека работодавците во тоа време поставуваат задолжително пензионирање на возраст меѓу 65 и 70 години. Претставата дека старите мажи нема што да бараат на работно место се поврзува со растечкиот напор за "рационализирање" на општеството. Економистот Френсис Вокер се залага за закони кои ќе ги спречат работниците да продолжат со работење "по границата која физиолошката наука ја прифаќа дека е конзистентна со свесност и енергичност." Со доаѓањето на 20-от век, експертите за ефикасност инсистираат дека постарите работници само ги забавуваат работните процеси. Или како што Хабер вели "индустриското темпо, сите се согласуваат, го искористува работникот, оставајќи го на 65 да биде нешто повеќе од сенка на тоа што бил како млад."
Преовладувачката претпоставка дека старите луѓе не треба да работат станува гарантирана во федералниот закон со носењето на Новиот договор. На младите работници им се нуди работа преку агенцијата за вработување оформена со Новиот Договор и уште една програма за вработување, а постарите луѓе добиваат социјална безбедност, што прави полесно да не работиш.
Од 1940-та пензионирањето станува стандард за најголемиот дел од постарите работници.