Едвин Ван дер Сар не играше меч за ветераните, ниту пак некој аматерски натпревар, туку настапи на официјален дуел од четвртата холандска лига. Неговиот матичен клуб од детството, Нордвејк останал без голман поради разни околности и Едвин се согласил да им помогне.
Не само што носталгично целата публика го поздравувала, туку ван дер Сар успеал да одбрани и пенал, а моментот го снимил еден од навивачите зад голот.
Средбата завршила 1:1, а 45-годишниот голман кој ја заврши кариерата пред пет години во Манчестер Јунајтед покажа дека и натаму може солидно да го чува голот. За Нордвејк, Едвин Ван дер сар бранел од 15 до 20 години (1985-1990 година), а потоа се преселил во славниот Ајакс од Амстердам.