„Одлуката е донесена. Се трудев да освојувам трофеи со репрезентацијата и се чуствувам многу тажен што повторно не успеавме. Не дадов многу важен пенал и тоа е се. Во соблекувалната донесов решение дека дојде крај на моето време во репрезентацијата. Изгубив четири финалиња. Се обидовме да победиме денес, се обидов... но се случи тоа што се случи. Одам, така е најдобро за сите. Не сме задоволни со пораз во финалето. Сакав да станам шампион со Аргентина, но не успеав", изјави Меси по мечот.
Емоција? Кукавичлук? Очај? Хистерија? Слабост? Кажете го како сакте, но не заборавајте:
Лионел Меси редовно играше финалиња на големите натпреварувања со Агуеро, Игуаин, Ди Марија, Маскерано, Банега и други суперѕвезди и реши да ја заврши репрезентативната кариера на 29 години, само затоа што не можел ништо да освои.
Најдобриот стрелец во историјата на Аргентина се повлече од репрезентацијата. Лионел Меси загуби 4-финалиња на големите натпреварувања и реши дека е крај.
Почетокот на Меси на Копа Америка започна во 2007. година. Аргентина тогаш на патот кон финалето заби 16 голови (два даде Меси), но во главниот меч за трофејот во финалето Гаучосите доживеаа дебакл од Бразил 0:3.
На Светското првенство во Бразил 2014, Меси го избраа за најдобар играч на турнирот, но Аргентина загуби во финалето од Германија во продолженијата.
Од ново на Копа Америка, во 2015. година Аргентина стигна до финалето каде играше против домаќинот Чиле. Мечот заврши нерешено и после продолженијата следуваа пенали: Меси даде гол, но промашија Игуаин и Банега и Чиле славеше 4:1.
Последното и најболно разочарување за Меси следуваше синоќа на Копа Америка Сентенарио (100-години јубилеј од првата Копа). „Гаучосите" имаа совршена прилика да им се одмаздат на Алексис Санчез, Видал и другарите поради поразот во Сантијаго лани, но повторно не успеаа. Пеналите пак беа кобни:
Хејтерите и оние кои следат само статистики веднаш се огласија дека Кристијано Роналдо (31) игра за репрезентација во која нема ниту еден топ-фудбалер (океј Пепе), доаѓал повреден на турнирите, ризикувал нова повреда, ја однесе Португалија во плеј-офот, прави сè сам иако знае дека не освоил ништо и тешко дека ќе освои нешто со репрезентацијата.
Четири загубени финалиња? Кога Леброн Џејмс во Кливленд кренал раце од титулата?, прашува новинарот на ЕСПН. Златан Ибрахимовиќ се пензионираше на 34 години од репрезентацијата со која летово играше во Франција.
Меси е гениј, најдобар играч во историјата на фудбалот и сето тоа, но да ја напушти репрезентацијата на 29 години, свесен дека и на Мундијалот 2018-та и натаму ќе биде меѓу Топ 3 играчите на светот? Аргентина без него ќе има околу 10% помали шанси да освои нешто.
Годинава на Копа, Меси даде пет гола од кои најубав беше против САД:
Како ќе влијае оваа одлука на Меси на неговите наследници? Како на својот капитен и лидер ќе гледаат навивачите и сега веќе поранешните колеги од репрезентацијата (После Меси пензија најави и Хавиер Маскерано, се зборува и за Агуеро и Игуаин, така што на пример Русија како домаќин на Светското, сигурно нема да ја има најлошата репрезентација во следните две години).
Не знаеме дали Меси ќе се предомисли (или спонзорите ќе го предомислат) во следните две години, но тоа не е реално по најголемото разочарување за Лионел во последните 10-15 години. Меси со Аргентина го освои СП до 20 години во 2005. година и Олимпијадата 2008-ма. На 113 меча за Аргентина постигна рекордни 55 голови.
Оваа споредба го прави најголем меѓу великаните.