Таг: копа америка 2016

Правиот наследник на Биелса кој викал по играчите качен на дрво

Со 106 победи Емери е најуспешниот тренер во историјата на овој клуб и со 205 меча на клупата на Севиља се наоѓа зад рекордерот Капарош. Таков товар наследи необичниот Хорхе Сампаоли кој игра тотално офанзивен фудбал.

Фотографијата која откри зошто Меси крена раце од Аргентина

Иако сè уште не е до крај јасно дали нема да игра за репрезентацијата, Меси има сериозни причини на своја страна на тасот од вагата со која го мерат неговиот патриотизам.

Судијата од финалето на Копа Америка не е дел од секс скандалот

Фотографиите со ќелавкото и проститутките брзо се раширија по интернетот бидејќи наводно на нив е бразилскиот судија Хебер Лопез кој изгледа дека џабе го оцрнија.

Каде заврши топката од пеналот на Меси

Ако изјавата на Меси дека се повлекува од репрезентација е конечна, тогаш со топката од последниот негов шут за Аргентина ќе може да се пофали навивач на Чиле кој патувал 7.000 километри за финалето на Копа Америка.

Будење на аргентинските улици за Меси

Најголемиот миленик на Аргентина, разочаран и расплачен по поразот во финалето на Копа Америка реши: „Ова е крај, толку од мене за репрезентацијата“. Аргентинците го молат да ја смени одлуката, а тргнаа да објавуваат и билборди со „Лео не си оди“.

Најубавите 10 голови од Копа Америка

Јубилејното издание од Копа Америка донесе 10 прекрасни голови. Турнирот го одбележи поразот на Аргентина во финалето од Чиле на пенали и изјавата на Меси дека се повлекува од репрезентацијата. За играч на Копа е избран Алексис Санчез.

Зошто Меси ја напушта репрезентацијата на Аргентина

Додека спиевте, Лео Меси најпрвин со право рече дека некои средби од ЕП 2016 се досадни, а потоа во финалето на Копа Америка промаши пенал и загуби од Чиле. Подоцна излезе пред новинарите и изјави дека завршил со репрезентативната кариера.

Три финалиња, три 100% шанси за Игуаин

Сезоната која измина во Серија А ја одигра во врвна форма и во лигата каде одбраната е во прв план експлодираше со 36 гола на 38 натпревари. И кога синоќа против Чиле беше најмногу потребен, излезе пред голман и се посрамоти. Трите шанси кои не ги искористи шпицот на Наполи на последните три негови финалиња со Аргентина.

Чиле го крена пехарот, Меси пушти солзи и ја напушти репрезентацијата

Репризата од ланското финале на Копа Америка повторно им припадна на Чилеанците кои одново беа подобри од белата точка. Проклетството на Аргентина продолжува, но овој пат остануваат послаби без Меси кој на само 29 години реши да и стави крај на репрезентативната кариера.

Овој удар на Меси не го брани никој

Кога го гледате од повеќе агли овој слободен удар на Меси сфаќате дека било голман да беше меѓу стативите не може да му најде лек на овој фелш кој беше упатен високо, остро, силно и точно во агол. САД - Аргентина 0:4 и финале за Гаучосите во Копа Америка каде го чекаат подобриот од дуелот меѓу Колумбија и Чиле. Со ова ремек дело Меси стана прв стрелец на Аргентина со 55 гола и му го сруши рекордот на Батистута кој останува на 54.

Низ објективот на Копа Америка 2016

Што поради ЕП 2016, што поради термините во ниедно време слабо ја пратиме Копа Америка 2016, а треба. Во групната фаза Бразил беше посрамотен и елиминиран, а предвреме се прости и Уругвај. Сега на ред се осминафиналињата, а во пресрт на тие средби еве ја атмосферата од трибините.

Два жолти картони за помалку од минута

На САД добро им оди на Копа Америка каде се изборија за осминафинале против Еквадор, но колку треба да не пазиш за да направиш вакви два несмасни стартови и потоа да те избркаат и следниот меч да го гледаш од трибина. Се работи за бекот на САД ДеАндре Једлин, кој е член на Тотенхем и е на позајмица во Сандерленд.

Чекаш петка или глава и паѓа исправена

Пред почетокот на мечот Колумбија - Парагвај (2:1) од Копа Америка, судијата Хебер Лопез на капитените на двете екипи им ја фрлаше паричката која не се предаде така лесно.

Што е со химните на Копа Америка?

САД се домаќини на јубилејната Копа Америка која првпат се играла пред 100 години. Просекот на гледаност е далеку поголем од лани, но организаторот направи неколку грешки со химните. Најпрвин на Чилеанците за време на сред интонирање химна им го пуштија пеачот Питбул, а потоа на Уругвајците им пуштија химна на Чиле.

Шаренилото на Копа Америка

Паралелно со Европското до 26 јуни конкуренција за гледање ќе му прави Копа Америка која почна на 3-ти. Таму да си на стадион и да ти се падне тапа фудбал ништо не губиш, бидејќи тоа го компензираат навивачите.