Овој удар на Меси не го брани никој

Кога го гледате од повеќе агли овој слободен удар на Меси сфаќате дека било голман да беше меѓу стативите не може да му најде лек на овој фелш кој беше упатен високо, остро, силно и точно во агол. САД - Аргентина 0:4 и финале за Гаучосите во Копа Америка каде го чекаат подобриот од дуелот меѓу Колумбија и Чиле. Со ова ремек дело Меси стана прв стрелец на Аргентина со 55 гола и му го сруши рекордот на Батистута кој останува на 54.

 Од повеќе агли

Сите 4 гола

 

22 јуни 2016 - 09:25