Алваро Рекоба се збогува со фудбалот

Фантастичниот Уругваец (40) кој беше миленик на Морати и сите Интеристи во четврток ќе се повлече од активното играње фудбал, а на прошталниот меч ќе дојдат многу светски фудбалски легенди меѓу кои и соиграчите од Интер.

„Тато, тато, ене го Марсело од Реал Мадрид! - Џеремаја биди добар, седи на своето место и не прави бељи сега, срамота е“.
Во Мајами, пред некоја година во еден убав ресторан Џеремаја ги запознал сите играчи на Реал Мадрид, а Марсело му бил најомилен. По кратко време, левиот бразилски бек станал од масата тргнал кон таткото на Џеремаја: „Здраво, извинете што ве прекинувам, јас сум Марсело, а вие сте мојот идол“.
 
Малиот не сфаќа што се случува, се смее, се слика со Марсело и чека одговор од татко му, затоа што исто се случило и неколку дена претходно со Луис Суарез во Монтевидео. Џеремаја добро знае дека татко му бил фудбалер, но не до толку познат во негово време. „Кој си ти тато“?
 
Едноставно, Алваро Рекоба, генерација 1976, еден од најзабавните и најневеројатните фудбалери во последните 30 години. Вечен талент без голема волја за тренинг и вежбање. Во спротивно би ја однел дома наградата Златна Топка. Без претерување.

Во четврток на 31 март ќе му каже збогум на фудбалот: Во Монтевидео ќе дојдат најголемите светски ѕвезди, меѓу кои и Кристијан Виери.
„Секако Кино (прекарот на Алваро), ќе дојдам, му рекол Бобо на Рекоба по телефон. Не смеам да не го испочитувам човекот на кој му должам барем 50 голови во Интер“, се насмеал Виери.
Приказната почнува во пролетта 1997. година кога во домот на Масимо Морати стигнала видеокасета а на неа некое дете од Национал Монтевидео кое ја зема топката и ја дрибла цела противничка екипа. 10 души. Ако не верувате, одете на ЈуТјуб и побарајте: Alvaro Recoba - Gol Similar de Maradona.
 
Претседателот на Интер и син му Мао не чекале многу: „Наше дете е ова“. Во тоа време во Интер беше можно баш сè. Морати им ги исполнуваше сите желби на навивачите, па така наскоро стигна и Луис Назарио да Лима Роналдо, Феноменот, а Рекоба потпиша за 51 милијарда лири.
 
На почетокот на август истата година во Болоња Интер играше пријателска. Роналдо одигра ’70 минути: Во тој момент Нераѕурите водеа 1:0 со голот на Ганц, и на место на Роналдо влезе Рекоба. За неколку минути Чино прими една топка на 40 метри од голот, распали со левицата и пречка!
„Таа луда глава на тренинзите местеше 6-7 топки на средината на теренот и само една од нив не завршуваше во пречката директно“, раскажуваше Роналдо.
„Сонот на Уругваецот во Италија почна да се остварува на 31. август 1997 година на Сан Сиро кога 80.000 дојдоа да го гледаат Роналдо“, раскажуваше коментаторот на радиото Ртл 102.3, но наместо него го открија Алваро Кино Рекоба кој во левицата имаше динамит“.
Бреша поведе преку Дарио Хубнер, Симони беше на прагот на отказ, а потоа на 20 минути пред крајот во игра влегува Рекоба: Два комада, еден проектил од 25 метри и еден од слободен од 30 метри. Со овие две бомби Рекоба ги освои Интеристите кои тогаш во нападот ги имаа Роналдо, Џоркаеф, Ганц, Мориеро па дури и Кану.
 
По преселбите од клупа на трибини и спротивно, Рекоба се врати во составот за мечот од последното коло таа година. Додека седел на клупата му кажал на сонародникот Ривас: „Мартин, гледај го голманот. Цело време е излезен. Ако влезам ќе му ја сместам така добро што ќе го сонува секоја ноќ 10 години“, му шепнал Рекоба. Речено-сторено.

Во ’70-та минута влегува во игра и на 8 минути пред крајот шутира една победничка парабола од преку 50 метри.
 
Рекоба живеел некое време кај Занети дома, а потоа се преселил близу Сан Сиро. Во слободно време играл тенис, каде го покажувал целиот талент но и мрзеливост.
„Сервираше и веднаш чекаше волеј да удри од прва. Единствен што го победуваше беше Заморано, феномен со рекетот. Во Чиле Иван често тренирал со Марсело Риос, на времето светски тениски ас“, раскажува Диего Чоло Симеоне кој играше со Рекоба во Интер.
Најдобрите голови на Рекоба во Интер: