Стенли Патрик Вебер повеќе од 30 години работи како доктор. Неодамна тој е осуден на 18 години затвор за сексуално малтретирање на две малолетни момчиња во индијанскиот резерват во Монтана, а допрва ја чека пресудата за сексуален напад во уште четири случаи во Јужна Дакота. Нападите се случуваат додека тој е на смена во тамошните болници.
Истрагата покажала дека претпоставените решиле да го преместат од Вебер од една на друга локација откако почнале поплаките за неговото однесување, притоа игнорирајќи ги обвинувањата против него.
Вебер моментално има 70 години, и со стажот и позицијата му следува пензија од 100 илјади долари годишно, што доколку ги истера до крај овие 18 години затвор ќе му донесат вкупно 1,8 милиони долари.
Иако американските власти имаат овластување да ја укинат пензијата доколку примателот направи некој прекршок, целата оваа работа неспоредливо се комплицира кога се во прашање минати дела за кои се дознава дури по пензионирањето. Во ваква ситуација пензијата може да се одземе само за велепредавство.