Официјалните бројки покажуваат дека секоја година во САД има 19,7 милиони нови инфекции на оваа тема. Од нив половина се кај луѓе на возраст меѓу 15 и 24 години.
Број еден на листата е ХПВ, а по него (не по овој редослед) следуваат кламидија, гонореја, сифилис, херпес, хепатитис Б, ХИВ и трихомонијаза.
Она што посебно ги вади од памет докторите е што се зголемува бројот на нови заболени и покрај целата превенција и образование на оваа тема. Во истражувањата од 1996-та и 2000-та, бројот на нови инфекции изнесува 15 односно 18,9 милиони годишно.
Центарот проценил дека за лечењето на сите овие случаи се потребни околу 16 милијарди долари годишно. Најскапа од сите болести за лечење е ХИВ/СИДА.