Во 2005 белгискиот бенд Парагон Импјур го издава албумот „За Гај!“, а рускиот бенд Нерон Цезар во 2013 својот „Лудилото на тиранинот“. Во 2021 излегуваат две одделни плочи чиј главен лик е Нерон: „Семпер песимус“ на британскиот бенд Ејсид Ејџ и „Триесет години од Нерон“ на Канаѓаните Екс Део. Обемот на популарност на одреден император дури може и да биде квантифициран, благодарение на онлајн датабазата „Енциклопедија Металум“. Кога ќе се внесе името на императорот во напредното пребарување за да се види неговата појава во наслови на песни и нивни стихови, и откако ќе се елиминираат дупликатите и лажните позитивни резултати (на пример nero на италијански е „црно“), се добива следниот графикон:
Нерон е застапен со 139 песни, по него е Калигула со 110, а обајцата се наоѓаат на врвот на голем каталог од 444 песни. Сепак, овие податоци се однесуваат на споменувања на царевите по име, што значи дека не се земени предвид оние каде што тие се присутни индиректно, на пример во „Инцитатус“, стара метал ода за коњот на Калигула кој за малку не станал конзул, на бразилскиот бенд Ортостат.
Зошто токму императорите се толку популарни во метал песни?
Шпанската класицистичарка Хелена Гозналес-Вакуеризо во статија од 2019 за врската меѓу древниот Рим и метал музиката има некои можни одговори: машкост, ексапизам, моќ, национализам, интензивност на јазик, слики и звуци кои соодветствуваат на драматичноста на она што го знаеме за древен Рим како култура. Истовремено е важно што императорите, или барем популарните концепти за нив, се вклопуваат во критериумот на антипатија кон нивните ликови и дела, која од друга страна содржи и зрно восхит и стравопочит. Впечаток кој стереотипно го оставаат и металците на оние вон нивниот филм.
Но пред да почне металот да се занимава со римските императори, што може да делува необично но не и екстремно спорно, тој бил стигматизиран поради својот интерес кон еден друг лик - Сатаната. Моралната паника од 1980-тите и 1990-тите резултира со тоа музичарите да почнат да црпат инспирација од историјата, митот и класичната литература. Начинот на кој предмодерноста ги инспирира метал песните не е многу различен од истата инспирација кај романтичните поети, само тука стиховите се пеат, и тоа малку погласно. Елемент плус се и паганските традиции, збришани од тиранијата на христијанството. Секако, во голем број стихови доминираат истите стереотипи за Рим кои се пропагирани во други области на популарната култура, на пример холивудските филмови. Не сите автори на песни навистина прават истражувања и читаат историски лектири, туку просто ги земаат овие имиња и настани како дадени.
Додуша има и исклучоци, како епската песна на Ајрон Мејден „Александар Македонски“, резултат на големиот интерес на басистот на бендот, Стив Харис, за пишуваните извори за животот во древна Македонија. Таа дури и почнува со цитат од Плутарховата „Животот на Александар“. Други музичари се мотивирани да чепкаат низ историските материјали за да најдат нов до тогаш неспомнат лик. Така, Ола Бломквист, гитаристка на шведскиот дум метал бенд Даута, во 2019 изјавила дека случајно открила постоење на војник-миператор Максиминус Тракс. На овој „фин господин“ таа налетала истражувајќи некој лик од Светото писмо, и веднаш знаела дека треба да напише песна за него и да го актуелизира неговиот необичен табиет. Веднаш потоа излегла и прва историска книга посветена нему од асли историчар, кој кој знае, може бил инспириран од песната?
Римските императори ја рефлектираат тензијата во метал музиката помеѓу трансгресијата, преминувањето на границите на „обичното“ и „дозволеното“ и здобивањето со моќ. А некои млади деца повеќе учат за историјата преку нив отколку во училишната клупа.